По обвинувањата упатени од пратеникот Александар Николовски во врска со, како што беше речено уништувањето на градот, денеска се огласи и ОО на СДСМ.
По обвинувањата упатени од пратеникот Александар Николовски во врска со, како што беше речено уништувањето на градот, денеска се огласи и ОО на СДСМ.
„Фактите говорат дека комплексот Летница, од кој Николоски сака да направи ТЕМА, е приватен имот истакна претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски.
ОО на СДСМ преку прес конференција му одговорија на пратеникот Александар Николоски, во врска со обвинувањата кои тој ги упати кон градоначалникот.
„Не знаејки како да ја покријат задужбината на вождот Никола Груески, која осиромашениот македонски народ ќе го чини 200 милиони евра, во стилот на Гебелс, измислува можно и неможно, односно се однесува како давеник кој се фаќа за сламка“, рече претседателот на ОО на СДСМ, Науме Јованоски.
„ Универзален сезнајко“ пратеникот Александар Николоски, со неговата позната реторика и плукање се обидува да го одтргне вниманието на македонската јавност од срамните случувања околу скопскиот плоштад. Николоски се послужи со небулози и лаги фабрикувани во партискиот штаб за да ја замае јавноста со некаков проблем кој ниту постои, ниту е прашање, ниту е активност во Охрид, продолжи Јованоски.
Претседателот на ОО на СДСМ во своето обраќање го посочи и проблемот околу комплекс „Летница“. Македонската јавност знае дека приватизацијата на делот од плоштадот во Охрид и комплексот Летница е извршена во време на владеењето на деспотот Никола Груевски и ненаситната елита на ДПМНЕ. Фактите говорат дека комплексот Летница, од кој Николоски сака да направи ТЕМА, е приватен имот, додаде тој.
„Деталниот урбанистички план за овој овој дел на Охрид е изработен и изменет во далечната 2000 година кога власта во Македонија и Општина Охрид ја држеше токму партијата на Николоски.
Факт е тоа дека овој простор е строго заштитена зона и за се што се изведува на него, мислења и одобренија даваат од Завод и музеј од Охрид и министретвото за култура, рече претседателот на ОО.
Јованоски на крајот од своето обраќање на како што рече „жртвеното јагне“ – Николоски му порача пред да застане пред камерите да ги прочита законите и да побара одговор од институциите кои се во надлежност на неговата партија.
„Конечно, му порачуваме на Александар Николоски олигарсите кои ги сонува околу комплексот „Летница“ со 13 – 14 милиони евра да ги побара во редовите на министрите и градоначалниците од времето кога се приватизираше овој комплекс”- рече на крајот од своето обраќање Јованоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град