“Сараевска зима” го награди со Повелба “Охридско лето”

Фестивалот “Охридско лето”, со нови награди и признанија. Од Сараево директорот се врати со  Повелба за ширење на културата.

 |  Татјана Маленкова  | 
povelba
повелба

Povelba za Ohridsko letoФестивалот “Охридско лето”, со нови награди и признанија. Од Сараево директорот се врати со  Повелба за ширење на културата.

„Наградата оди во вистински раце“, истакна претседателката на Европската комисија за култура и образование , Дорис Пак.

Ново признание за успешност. Директорот на фестивалот “Охридско лето” од Сараево каде деновиве се одржува фестивалот „Сараевска зима“ се врати со Повелба  за ширење на културата на балканот.
„Ова признание годинава за прв пат се доделува и признавам дека сум горд што ни беше доделено токму нам“, истакна директорот на “Охридско лето”, Тони Симоноски.

„Беа зачудени со фактот што на балканот има фестивали кои опстојуваат и до 50 години,бидејки нивниот годинава се одржуваше по 26 ти пат”, рече Симоноски.
Тој истакна дека во Сараево биле остварени контакти со претседателот на Европската федерација на фестивали ЕФА, Кетрин Девентер. Средбата била искористена за прецизирање на деталите на веќе најавеното претставување на фестивалот Охридско лето на следната конференција во месец април.

„Соработката помеѓу ”Охридско лето” и “Сараевска зима” ќе продолжи. Се надевам дека и годинава уметници од Босна ќе бидат дел од Охридско лето“, истакна директорот на Охридско лето, Тони Симоноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top