Се одрона карпа врз музејскиот комплекс Робевци

Во 14 часот и 45 минути над Лапидариумот, во музејскиот комплекс Робевци се сруши напукнатата карпа.

 |  Валентина Неловска  | 
Karpa
Карпа

KarpaВо 14 часот и 45 минути над Лапидариумот, во музејскиот комплекс Робевци се сруши напукнатата карпа и потпорниот ѕид на северната страна од дворното место на музејот. Одронот за среќа  не предизвика голема штета, туку само ги вознемири граѓаните од овој дел на градот. На место на настанот веднаш пристигнаа дирекоторот на Н.У.Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска и  директорот на Управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман. Првите луѓе на  овие две институции изјавија дека напукнувањата на карпата биле претходно констатирани, но не бил очекуван ваков сериозен одрон.

„Причината за одронот на карпата е природна појава, ние како проект го имавме пријавено до министерството за култура и имавме добиено средства за санација. Пред два дена излеговме на лице место со стручни лица и договараваме како ќе ја санираме карпата, но лошите временски прилики си го направија своето”- истакна Паскали Бунташеска.

Ова е резултат на природна појава, но секако дека индиректно влијание има и човечкиот фактор истакнаa првите луѓе на двете институции.
Археологот, Паско Кузман  истакна дека и куќите се во опсност бидејќи е нарушена  статиката на темелите и сопствениците треба да се подзагрижат затоа што и тие сами  имаат придонесено делумно за ова да се случи.
Веднаш ќе се формира тим од стручни лица за додатно да не се влоши ситуацијата и да не се срушат околните куќи, истакна Тања Паскали Бунташеска.
Штетата ќе се санира многу скоро бидејќи Министерството за култура веќе има издвоено
1.500 000 денари, пари кои биле претходно одобрени за изготвување на проект за санација на карпата. Сега ќе треба  дополнително да се обезбедат  пари за изготвување на нов проект за санација на настаната штета, како и изградба на потпорен ѕид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top