Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против триесет и девет годишниот И.Г. од Охрид заради сомнение дека е можен сторител на две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Од СВР Охрид, соопштуваат дека приведениот управувајки го своето патничко моторно возило марка „Даеву-Матиз“ со охридски регистарски таблици, од небрежност, предизвикал сообракајна незгода во која едно лице го загуби животот. Возилото на пријавениот било пронајдено во автосервис каде било оставено на поправка, а набрзо потоа бил пронајден и неговиот сопственик.
Од страна на Истражните органи на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Инаку, тешката сообраќајна несреќа се случи на 1 февруари, во 6 часот и 20 минути на раскрсницата од улиците „7-ми Ноември“ и „Егејска“, по што сега притворениот го напуштил местото на несреќата, неукажувајки помош на пешакот Блага М. родена 1953 година од Охрид, која во моментот го преминувала коловозот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град