Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 64 место.
Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 64 место со 495 освоени бодови на најновата рејтинг листа која денеска ја објави Светската фудбалска асоцијација- ФИФА.
Македонските репрезентативци немаа настап во периодот меѓу двете последни рангирања. Подобрувањето за едно место во споредба со рангирањето од претходниот месец се должи на падот на репрезентацијата на Бенин од осум позиции.
Голем скок од 14 позиции на листата на ФИФА направи победникот на африканскиот Куп на Нации, репрезентацијата на Египет која сега се наоѓа на 10 место истиснувајќи ја Хрватска на 11 место.
На првите девет места нема промени. И натаму води Шпанија со 1627 бода, пред Бразил со 1568 и Холандија со 1288. Од четвртото до деветото место се наоѓаат Италија, Португалија, Германија, Франција, Аргентина и Англија.
Оваа вест е преземена од: http://www.a1.com.mk
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град