За нив, секој ден е борба

Седумчлено семејство од Охрид оставено само на себе.

 |  Крсте Голабовски  | 
bebe
бебе

covekБез огрев, без доволно храна, се снаоѓаат како знаат и умеат. Сета нивна надеж е во социјалната помош која никогаш не ја добиле.
Семејството Бежоски од Охрид живее од милоста на пријателите и роднините. 13 години под кирија, со 5 деца од кои едно има едвај два месеци, се борат да го преживеат денот кој е пред нив. Милена која има 11 години, Станка 9 и Илија 6, се ученици.

„Станка сеуште не добила учебници, па се снаоѓаме и за тоа“, -се жали нивниот татко.

Миле Бежоски работи како бурекџија, но поради безработицата, само неколку дена во месецот. Со сопствени здравствени проблеми и со здравствени проблеми на едно од децата, Миле се надева дека некој ќе им помогне.

Градоначалникот Петрески им излегол во пресрет и им донесол шпорет на дрва ,бојлер и новогодишни пакетчиња за децата. Исто така добиле помош и од О.О на „Црвениот крст“ од Охрид, но тоа било еднократно. Но останува проблемот со огревот.

„Дрва нема, а парите се тие, за што побрзо“, – кажува Бежоски.

Тој додава дека како огрев користат од алиштата кои им биле дадени како помош. 13 години под кирија, во една соба, која прокиснува кога врне, се надеваат барем дека ќе добијат социјален стан. Досега никогаш не биле корисници на социјална помош.
Сопругата Јованка Бежоска не работи. Таа 13 години се грижи за петте деца. Но, доколку би и понудиле соодветна работа, секако дека би прифатила. Да се одгледаат 5 деца со само една минимална плата е невозможно, додава Јованка.

Ова семејство и оваа тажна социјална приказна за жал не е единствената. Останува да се надеваме дека ќе проработи совеста кај оние кои навистина можат да помогнат, па малечките Станка и Милена и идниот каратист Илија ќе се разбудат во топла соба, сити и ќе  можат да учат од нови учебници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top