Директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ до крај ќе ја тера постапката за задоволување на правдата.
Директорот на охридската гимназија Љубиша Машановиќ до крај ќе ја тера постапката за задоволување на правдата. Дали со тоа само го пролонгира крајот на своето директорување или сака од оваа ситуација да излезе со чист образ набргу ќе се знае.
Како што, ТВМ во вчерашниот дневник информираше, Училишниот одбор при СОУ “Св. Климент Охридски” во петокот на актуелниот директор Машановиќ му изгласа недоверба поради веќе познатата причина. Поточно заради прекршување на интерен акт на училиштето, според кој, во гимназијата „Св Климент Охридски“ можат да се запишат ученици со минимум 55 бодови. Машановиќ, прекршокот го направил така што на последниот уписен рок примил ученици кои што имале и по 40 бодови. Ова било констатирано од Државниот просветен инспекторат а на барање на Локалната самоуправа. Имено ова беше првиот обид на локалната за разрешување на директорот на гимназијата. Истиот на 1-ви октомври 2009 е ставен вон сила, наводно поради увидот дека е направена законска нерегуларност при постапката во која Училишниот одбор, како фактор кој треба прв да покрене такво барање, не беше консултиран.
После првиот неуспешен обид, ова е втор на локалната власт да го разреши Машановиќ, овојпат согласно законската регулатива, со седница на Училишниот одбор.
Како што ТВМ информираше, од 11 члената комисија на Училишниот одбор на тајното гласање, 8 биле за негово разрешување.
Машановиќ денес го примил заклучокот на УО за разрешување во писмена форма.
Тој ни изјави дека не застанува тука бидејќи се работи за неговиот дигнитет и образ. Ќе го користи правото во рок од 7 дена да се изјасни за наводите во заклучокот. Гласините дека има договор за да му ја отстапи својата функција на Наум Рилкоски во замена за работното место на неговата ќерка, Машановиќ ги отфрла и вели дека нема потреба од такво нешто бидејќи нејзиното вработување е сосема легално.
Тој објаснува дека професорите со соодветно образование за јазици се најдефицитарни а бидејќи неговата ќерка е соодветен кадар, кој и да бил директор ќе ја вработел.
Доколку УО не го прифати изјаснувањето на директорот, свикува седница во рок од три дена и во присуство на претставник од Државниот просветен инспекторат врши интервјуирање на директорот по што дава мислење за оправданоста од негово разрешување. Ако УО отцени дека е неопходно разрешувањето, доставува предлог до градоначалникот. Согласно Законот, разрешениот директор во рок од 15 дена од приемот на одлуката на градоначалникот има право на жалба по однос на спроведувањето на постапката за разрешување на Второстепената комисија на Владата на РМ. Против оваа одлука, Машановиќ, има право на тужба до Основниот суд. Машановиќ очекува позитивна судска разврска, бидејќи како што тврди, постапките кои ги презел законски се оправдани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град