Тимовите во Формула 1 постигнаа договор за промена на системот на бодирање,правилата за пнеуматиците и забраната за двоспратни дифузери.
Светската автомобилска федерација (ФИА) веќе го одобрила новиот систем,според кој бодовите се распоредени: 25-18-15-12-10-8-6-4-2-1.Комисијата на Формула 1,која ја сочинуваат тимовите и сопствениците,ги усогласи промените на спортските и техничките прописи вчера и тие треба да се најдат пред Светскиот совет за авто-мото спорт. Советот треба да донесе одлука во рок од 48 саати.
Правилата за пнеуматиците треба да бидат така променети што сите возачи кои во квалификациите ќе се пробијат до последната рунда,наредниот ден трката треба да ја почнат со истите гуми.
Исто така, бројот на сетовите на гуми за суво време ќе биде намален од 14 на 11.
Од 2011 година ќе биде забранета употребата на двоспратни дифузери,кои беа воведени минатата година на контроверзен начин.Висината на главниот дифузер ќе биде намалена од 175мм на 125мм.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град