Од второто полугодие во нижите одделенија од општинските основни училишта ќе стартува воведување часови по физичка култура.
Од второто полугодие во нижите одделенија од општинските основни училишта ќе стартува воведување часови по физичка култура.
Проектот е наменет за учениците од 1 до 4 одделение, за подобар психо-физички развој, а ќе биде подржан од локалната самоуправа. Од таму информираат дека за таа намена ќе бидат ангажирани професори по физичка култура во осумте општински училишта.
До секторот за јавни дејности, професорите треба да понудат програми, а во нив потребно е да го прецизираат изведувањето на часовите. Станува збор за одржување часови по физичка активност кај специфична возраст, која пак, не е задолжителна со програмата на Министерството за образование информира портпаролот Никола Манески.
Локалната самоуправа за овој проектот веќе има издвоено пари потенцира Манески. Додава во општинскиот буџет се наменети 900.000 денари и на потег сега се професорите со своите програми.
Локалната самоуправа овој проект го започна пред две години и беше единствена општина во државава која покажа грижа за развој на спортувањето од најмала возраст. Програмата за воведување физичка култура кај најмладите беше реализирана во сите 8 општински училишта и детската градинка Јасна Ристеска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град