И без Дрогба и Калу се може

Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти е убеден дека тие се доволно квалитетни за на гостувањето кај Барнли да заминат без Дидиер Дрогба и Саломон Калу.

 |  Крсте Голабовски  | 
Karlo Ancelotti
Карло Анџелоти

Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти е убеден дека тие се доволно квалитетни за на гостувањето кај Барнли да заминат без Дидиер Дрогба и Саломон Калу.

Karlo AncelottiРепрезентативците на Брегот на Слоновата Коска се вратија од должноста на Купот на Африкански Нации но нема да бидат во комбинација за попладневниот дуел на Челзи против Барнли.
Карло Анчелоти сака да им даде време за одмор на своите играчи по настапот на офанзивното дуо во Ангола и верува дека дуелот со Барнли е преран за нивно враќање во составот на Сините.

“Дидиер и Калу се вратија во четвртокот и тие се добро и се фит.” – рече Анчелоти. “Но потребно е да поработат неколку дена и нема да можат да настапат утре.”

“Тие ќе играат во вторник против Хал Сити.”

“Дидиер ќе остане тука за да тренира, исто како и Калу. Тие пристигнаа во четвртокот и не сакаме да ризикуваме со нив.”

Анчелоти знае дека со победа над Барнли тие ќе стават додатен притисок врз Арсенал и Челзи, нивните ривали за титулата, кои играат утре на Емирати.
Челзи има еден бод повеќе во однос на Манчестер Јунајтед но и натпревар помалку и Анчелоти рече: “Нашата задача е да победиме против Барнли. Потоа можеме да следиме фантастичен натпревар помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.”

“Јас сум фокусиран на нашиот натпревар. Доколку победиме, секој резултат на дуелот Арсенал-Јунајтед е добар за нас.”

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top