Аконкагва, цел на охридскиот планинар Мишко Танески

Охридскиот планинар Мишко Танески утре заминува за Мендоза, Аргентина од каде ќе го освојува врвот Аконкагва.

 |  ВалентинаНелоска  | 
akonkagva
аконкагва

akonkagva vrvОхридскиот планинар Мишко Танески утре заминува за Мендоза, Аргентина од каде ќе го освојува врвот Аконкагва на истоимената планина, висок 6962 метри. Танески за само 18 месеци има искачено 8 врвови во Европа, Африка и Азија, сите со височина од над 4000 м. Со патувањето на Јужноамериканскиот континент, Мишко ја продолжува зацртаната стратегија – на секој континент по еден врв.  Во планинарските кругови Аконкагва важи за еден од потешките врвови за освојување, нагласува  Танески. Планината е мошне ладна, температурата достигнува и до -30 степени целзиусови, а тoj ќе се искачува по потешкиот приод, по Полскиот глечер. „Психофизички сум добро подготвен за новиот потфат“ сигурен во себе е Танески. Но, на само неколку дена пред поаѓањето Мишко бил непријатно изненаден од откажувањето на мешовитата балканска експедиција, со која требало да отпатува за Аконкагва. И покрај овој непредвиден проблем, тој не се откажува од планираниот потфат. Во последен момент сам ја организира експедицијата со која ќе го освојува врвот, што претставува многу поголем финансиски влог од претходно планираниот. Како и до сега, голем е бројот на спонзорите кои ќе му помогнат на охридскиот ентузијаст во реализацијата и на оваа експедиција.
Приказната во освојувањето на врвот Аконкгава ќе започне во Мендоза, в понеделник. Според планираното време, Мишко Таневски на Аконкагава треба да се искачи на 15 февруари, каде ќе го развиори знамето на Република Македонија.ТелевизијА ТВМ ќе го следи неговиот потфат и му посакува успешно освојување на 9-иот планински врв.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top