Социјалдемократите имаа низа забелешки околку работата на советот
Социјалдемократите имаа низа забелешки околку работата на советот, ДПА со доза на резервираност дека позицијата не им верува, а од ПЕИ даваат поддршка на забелешките со обвинување дека координациите на седниците немаат тежина.
Изјавата за поделбата на плажите дадена неодамна на првиот човек на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Славко Котески, причина за дискусија и на 10-тата седница на Советот на општина Струга. Имено, Илија Мацески од СДСМ Струга побара да се дополни дневниот ред со точка, до каде е распределбата на струшките плажи. Тој во интерес на јавноста потенцираше дека мора да се добие информација дали меѓупартиските договори се во програмата за реализирање и практицирање на законите во Р. Македонија.
Секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски, категоричен во одбрана на ставот на општината. Тој рече дека недозволиво е оваа точка денес да се најде на дневен ред бидејќи таква информација општинската администрација нема. Гулицоски кажа дека политичките амбиции отишле предалеку. Засега нема основа за општината да ги дели плажите.
И опозиционата ДПА побара детално појаснување на целата постапка околу распределбата на струшките плажи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град