Фудбалерот на Фиорентина, Адријaн Муту повторно е позитивен на редовниот допинг тест.
Италијанскиот олимписки комитет соопшти дека допинг тестот на Муту бил позитивен од примерокот земен пред натпреварот на Фиорентина со Бари на 10 јануари.
Муту веќе се соочува со тужба од 17 милиони евра казна од Челзи откако беше позитивен на тестот за кокаин.
Фудбалскиот клуб Фиорентина, како и самиот Муту сеуште не излегле со официјален став за веста за позитивниот допинг тест.
Адријан Муту е фудбалер на Фиорентина од 2006 година и на 91 натпревар постигнал 50 гола.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град