Ова се дел од коментарите на граѓаните на општина Струга. За надлежните се е нормално, велат инвеститорот ги има сите потребни дозволи.
На сред струшката чаршија се руши една од најстарите градби. Цели две недели не попушта старата зграда на некогашниот струшки Комитет и местото од каде е емитуван првиот сигнал на Радио Струга. Рушењето е отежнато поради јаката арматура и цврстата градба. Пола чаршија е узурпирана, граѓаните велат дека ова само во Струга може да се случи. Ниту еден од нив не сакаше да застане пред нашата камера и гласно да проговори, со изговор дека се плашат,,што и да кажат, скапо ќе ги чини. Но најмногу, по се изгледа, мир немаат станарите на зградите и куќите кои се наоѓаат во непосредна близина на објектот кој се руши. Тие велат:
„Се давиме во прашина, невидена бука и потреси во вид на земјотрес се чуствуваат секои пет минути. Ова е невидено. Очигледно владее беззаконие“
Раководителот на секторот за урбанизам Натмир Неџипи, по се изгледа премногу работа има околу средувањето на дозволите за овој објект. Вели дека се е легално, издадени се потребните дозволи и инвеститорите имаат зелено светло од страна на секторот за урбанизам.
„Новиот објект во завршната фаза-фасадата, инвеститерот мора да го врати во автентичниот изглед“- потенцираше Неџипи.
Дали рушењето е легално, со лиценцирана фирма за таа намена, не успеавме да добиеме одговор од Неџипи. Тој рече дека тоа е работа на инспекторите.
На ова место ќе никне објект за повеќе намени, од луксузен ресторан до соби за изнајмување. Според гласините на Стружани по се изгледа дека сопствениците се прават сами. Уриваат, градат и стопанисуваат. Но и за тоа треба да имаш храброст, додаваат граѓаните.
После овој потег на локалната самоуправа Стружани веќе ништо не може да ги изненади.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град