Повисок степен на безбедност…втор обид

Втор обид за подобрување на безбедноста во општинската зграда.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Втор обид за подобрување на безбедноста во општинската зграда.

prijavnicaСамо со документи за лична идентификација ќе може да се влезе во објектот. Ќе се спречи ли со ова хаосот кој настанува при посетата на службите на министерствата и Локалната самоуправа.

Од први февруари  годинава, секоја странка која ќе сака да заврши некоја работа во просториите на општината, ќе мора со себе да носи документ за лична идентификација односно лична карта или пасош. Иницијативата доаѓа од фирмата „Секјуриком“ која покрај тоа што обезбедува дел од општинската зграда односно службите на министерствата и просториите на Локалната самоуправа, ги обезбедува и просториите на Владата и репрезентативните објекти на државата, односно вилите и резиденциите.

Ова не е прв обид за подигање на степенот на безбедност во зграда на општината. Целта е да се воведе ред при посетата на странките на службите на министерствата и Локалната самоуправа. Граѓаните со свој став за оваа иницијатива.

Освен легитимацијата на странките, избрани се и локациите каде ќе бидат инсталирани видеокамерите. Исто така, странките на кои ќе им бидат потребни усуги на некоја од службите на министерствата или локалната ќе бидат евидентирани. Раководителот на Секјуриоком, Спасе Панџак потенцира дека Општина Охрид е единствена  од општините која остана непокриена во делот на легитимирањето на странките.  

Останува да видиме дали селекцијата при легитимирањето ќе биде повторна причина за неуспех на оваа иницијатива. Од Општината ја поздравуваат идеата. Секретарот на Локалната самоуправа, Димитрија Вревезоски изјави за ТВМ дека оваа иницијатива ќе ја подобри комуникацијата на службите на локалната и службите на министерствата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top