Србите во Охрид по втор пат го организирано го прославуваат еден од најголемите српски национални празници, свети Сава.
Србите во Охрид по втор пат го организирано го прославуваат еден од најголемите српски национални празници, свети Сава.
Одбележувањето на овој ден од страна на граѓаните од српско потекло минува во пригодни свечени средби, прослави и дружење.
Здружението на срби во Охрид „Коштана“ денес со пригодна свеченост денес го одбележа еден од најголемите српски национални празници, Св.Сава. Свеченоста започна со духовен чин, односно благословување на празничен колач или леб и вино. Потоа следеше читање на химната на Св.Сава. Свети Сава претставува голем духовен потенцијал за православието. Споредбено , тоој за србите е исто што и Свети Климент Охридски за македонскиот народ.
Свети Сава бил првиот српски архиепископ, човекот кој ја осамостоил Српската православна црква, прв поглавар на таа Црква, а во исто време бил прв српски учител којшто основал манастири и школи во средновековна Србија. Инаку, негово име било Растко Немањиќ, а тој бил царски син. Неговиот татко му понудил да биде крал или кнез на Србија, но тој одбил, и со група руски калуѓери заминал на Света Гора во манастирот Хиландар, се замонашил, и го добил црковно име Сава. Овој ден, во чест на првиот српски просветител и основоположник на српската просвета, Свети Сава, го одбележува и српската заедница што живее во Охрид.
Одбележувањето на овој ден од страна на граѓаните од српско потекло минува во пригодни свечени средби, прослави и дружење. Во пресрет на денот, во некои семејства со српска етничка припадност, празникот Свети Сава се слави и како куќна слава. Согласно постоечкиот закон за празници, денешниот ден е неработен за припадниците на српската заедница.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град