Името Охрид само по себе не е доволно

Ни во седмиот обид и со планиран буџет од околу осум милони денари за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата за 2010 година“.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
logo

Ни во седмиот обид и со планиран буџет од околу осум милони денари за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата за 2010 година“.

pres konferencijaОд друга страна со предвиден буџет од  само 6.200 000 денари, но и планирани 147 културни настани, Кавадарци го доби најпрестижното културно признание годинава.Името Охрид само по себе не е доволно за да бидеме град на културата за 2010 година. Доказ за тоа се неуспешните седум обиди да го добиеме ова престижно културно призанине. Додека денес во Охрид допрва се претставуваше програмата со која конкурираме, кавадарчани од вчера го слават епитетот Град на културата. Годинава, наш ас во ракавот беа неколку јубилеи кои треба да се одбележат, а се значајни не само за Охрид туку и за Македонија воопшто. Дали смело планираниот буџет од околу осум милиони денари за реализација на десетина амбициозни културни проекти одмогна во добивањето на наградата или доволна беше незаинтересираноста на локалците да го побараат  рецептот на успехот од досегашните општини-победници.. Но, иако и годинава останавме со кратки ракави, сепак намерата за реализација на дел од програмата останува. Носечкиот проект, одбележување на јубилејот 1100 години од смртта на Св. Наум Охридски, ќе се реализира без разлика на неповолниот епилог за нас.

На годинешниов конкурс, Охрид аплицираше со програма богата со содржини кои ќе остават траен белег, но од друга страна кавадарчани иако со доста поскромен буџет од само 6 милиони денари, изненадија со бројката од 147 културни настани. Директорот на НУ Центар за културата во Кавадарци, Владимир Темков, за ТВМ изјави дека најголем допринос за нивната победа, е успешната реализација на културниот проект „Кавадаречка културна есен“, со финансии обезбедени исклучиво од локалната самоуправа.

Иако Охрид се претстави со програма богата со содржини кои ќе остават траен национален белег, чија реализација е доста амбициозна и изискува прилично големи финансиски средства, сепак се покажа дека тоа не е тајната на успехот. Планираните петнаесетината театараски претстави, дваесетте ликовни изложби и 50 промоции на литературни дела беа доволни за Министерството за култура да пресуди во корист на општина Кавадарци. За кавадарчани петтиот обид беше среќен, за нас кој знае…можеби осмиот?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top