Во СОУ „Нико Нестор“-Струга, доволно е топло за изведување настава, тврди директорот на училиштето.
Во СОУ „Нико Нестор“-Струга, доволно е топло за изведување настава, тврди директорот на училиштето.
Оваа изјава следува по реакцијата на родители на деца од ова училиште кои се пожалиле дека после 15 часот попладне, парното греење се исклучува.
Нов проблем во Струшките гимназии. Системот за парно греење е единственото заедничко нешто што го имаат двата струшки средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.
Деновиве до нашата редакција група родители се пожалија на проблем.
„Последните два часа од втората смена во СОУ „Нико Нестор“, нашите деца дома доаѓаат премрзнати, велат дека парното уште од три часот им го исклучуваат“.
Овие констатации на родителите, директорот на „Нико Нестор“ Никола Затуроски ги отфрла. Вели дека утрово лично тој направил проверка скоро во сите училници и тврди дека атмосверата е пријатна за изведување настава. Таа не е падната под 19 степани, додава тој. Затуроски вели дека недостатоци има но тие не влијаат на она за што обвинуваат родителите.
Не држи коментарот дека системот за парно греење работи само до 15 часот. Тоа е апсолутно невистинито вели директорот. Тој ја опиша реалната состојба.
Нема место за паника смирува Затуроски и доколку има најмал проблем тука сме да излеземе во пресрет додава тој. Факт е дека не очекуваат постудени временски периоди а греењето е еден од најважните услови за нормално изведување на дејноста во сите институции посебно во образованието.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град