Денешниот ден според риболовците, има две значења.
Кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води тогаш рибарите го земале односно краделе крстот (за да не се казни попот) од црквата геракомија и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во водите на охридко езеро во месноста Сараиште, а откако ќе се разденело нивните синови, браќа и други роднини го барале крстот под изговор дека се капат за поголем берикет, односно полни мрежи со риба. А потоа кога било дозволено фрлањето на крстот се капеле за берикет на рибарите за да ја продолжат традицијата. Рибарите не учествувале во капењето зошто со своите чунови тие уште од поноќ биле во длабоките води на езерото.На овој ден не се фрла Крст, туку столитарско буре полно со вино. Оној кој прв ќе доплива до него тој располага со бурето и го дели на присутните гости. Манифестацијата е покриена со староградска охридска музика, се дели бесплатно греана ракија, вино и пржени плашици во пченкарно брашно.
Со денот на рибарите завршува и прославата на Водици. Организарторите велат дека веднаш започнуваат подготовките за прославата на Водици 2011. Најавуваат дека ќе се гради Охридски чун од кој следната година ќе се фрла крстот.
“Неговата изработка ќе ја финсираат годинешните кумови на манифестацијата“, вели секретарот на Богојавление Томе Тримчев.
Фрлањето на крстот во Охридското Езеро за Водици – Богојавление, не се натпреваруваше за Гинисов рекорд како што беше најавено, затоа што гинисовата книга на рекорди, не ги поддржува верските манифестации и здруженија. Но од Богојавление велат дека идната година за Гинисов рекорд ќе аплицираат со манифестацијата зимско капење на рибарите, како собир со најголем број на капачи во зимски услови.
Инаку на Оваа манифестација последниве години се додаваат нови туристички содржини со цел таа да биде што подобра туристичка атракција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град