Се посилни реакциите околу можната изградба на регионалната депонија во Дебрца. ТвМ побара стручно мислење за реперкусиите кои би ги предизвика изградбата на оваа депонија.
Апропо реакцијата на група граѓани на општина Дебрца објавена во вчерашното издание на дневникот на ТвМ, нашата куќа побара стручно мислење во врска со можните последици кои би ги предизвикала изградбата на регионална депонија на овој простор. Според инжињерот по животна средина Ѓоко Зороски изборот на локацијата е несоодветен. Зороски додава дека станува збор за сливно подрачје на Охридското езеро, локација со недопрена природа и водотеци од прва категорија.
Пред започнување со изградба на ваков објект, според европската и македонска регулатива потребно е да се изработи, оценка за влијание врз животната средина , потенцира Зороски. Покрај тоа потребна е проценка на ризик факторите, како сеизмиката, врнежите, хидрогеолошките карактеристики на почвата, динамиката на подземните води и површинските водотеци и други фактори. Тој потенцира дека станува збор за момент каде меѓусебно се спротиставуваат економските фактори и еколошките критериуми. А последиците од изградбата би биле долгорочни и непоправливи.
Овој простор кој е идеален за развивање на еколошкиот туризам како и органското земјоделство, според Зороски со изградба на ваков објект би станал синоним за депонија. Воедно сите шанси за странски инвестиции во сверата на еколошкиот туризам и органското земјоделство овде, би биле неповратно загубени.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град