Вевчански речник

Вевчанскиот говор е се уште жив. Месното население сеуште активно го користи.

 |  Татјана Маленкова  | 

Вевчанскиот говор месното население активно го користи во меѓусебна комуникација. Овој говор е жив, а ние треба да сме среќни поради тоа, затоа што на овој начин се претставува духовната култура на еден народ, вели професорот по македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје Људмил Спасов.

Вевчанскиот говор е локален, но него не го има само тука кај нас, туку тој се користи и во с Лин и Рајца, Албанија.Овој јазик бил предмет на истражување на многу професори, уште од времето на шафарик пред стотина години, вели авторот на вевчанскиот речник Анастас Ќушкоски.
Специфични Зборови за вевчани има многу, вели авторот на речникот. Тој со задоволство издвои карактеристични заборови запишани во речникот, кои се користат во вој крај.
Дека некој е од Вевчани многу лесно може да се препознае по говорот кој го користи и кој е специфичен, велат и професорот Спасов и авторот на речникот Ќушкоски.
Промоцијата на Вевчанскиот речник се случува воочи на Вевчанскиот карневал закажан за утре.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top