Годинава манифестацијата го менува својот концепт, најавува Зоран Стрезоски, директор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот. На саемот ќе бидат преставени македонските туристички потенцијали и сето она што странските туроператори ќе можат да го добијат за склучување на аранжмани.
Во рамките на саемот ќе се одржат и неколку содржини како што се натпреварот по гастрономија под покровителство на Хотам, презентација на вино и национални јадења, како и учество на странските туроператори на фрлањето на крстот и осветувањето на езерските води за празникот Богојавление. Засега најавени се 25 туропертаори од Израел,Турција, Италија, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија. На 18 јануари ќе се одржи и форум со наслов „Македонскиот туристички производ во светската туристичка понуда“.
„Ќе зборуваме за субвенционирање на странските туристи што предизвика силен интерс кај туропертаорите, ќе се дискутира со домашните и странските туристички агенции што и недостасува на Македонија за да се привлечат туристи и како странците не перцепираат“, вели Стрезоски.
Минатата година саемот за туризам доживеа скандалозно препукување помеѓу градоначалникот Петрески и директорот на Агенцијата Стрезоски. При тоа Петрески демонстративно ја напушти манифестацијата непосредно пред нејзиниот почеток. Причината како што објасни тој била неговото одземено право, како градоначалник, да одржи поздравен говор пред присутните. При тоа се закани – доколку организаторите веднаш не ја платат сметката од 25. 000 денари за користење на спортската сала за потребите на саемот на Локалната самоуправа, ќе побара саемот да се затвори. Според најавата на Петрески за учество на 3-от меѓународен саем, годинава најверојатно ќе се смират страстите.
Од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот
упатиле покана до локалната самоуправа и градоначалникот да земат учетство на манифестацијата, но како што велат од таму сеуште не добиле одговор на поканата. Петрески преку ТВМ најави свое присуство на саемот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град