Деновиве се поактуелен е револтот на жителите на Преспа кои ги полнат ендеците со јаболка, незадоволни од откупната цена. Екологистите членови на Невладиниот сектор од Охрид, предупредуваат дека е апсурд случајот со преспанските земјоделци кои овошките ги прскаат 11 пати со хемиски средства. Крсте Трајчески од селото Завој како голем поборник за облагородување на природата вели дека ќе вложи максимални напори самоникните стебла кои се среќаваат на охридското поднебје да ги калеми со автохтони овошја кои датираат од турската империја. Ова што денес се прави е недопустливо додава тој.
Според Трајчески неразбирливо е како е можно во записите на Евлија Челебија пред петстотини години, во кои се вели дека на нашево подрачје имало 70 врсти на круши, а денес има само 7.
Денес долината од Крушје до Долно Дупени е контаминирана бидејќи таа содржи двесте тони вештачко ѓубре набавено од Србија, Бугарија и други земји вели нашиот соговорник Трајчески, и додава дека од денешните плодови не јадат ниту неговите кози.
Трајчески како поборник на органски здравата храна, со голем револт вели дека жалосно е што Македонија како мала земја со 26 илјади километри квадратни и со два милиони луѓе слабо ја обработува почвата а да не зборуваме за слабата искористеност на природните ресурси. Тој вели дека органите на Власта и градскиот татко на Охрид сериозно треба да размислат за тоа да се престане со увоз на продукти кои нашите села ги имаат и можат да ги извезуваат, само доколку им се овозможат адекватни услови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град