Нема драстични промени во каматните стапки

Ако во првата половина од 2010 год, не се смени нешто драстично, нема да има големо намалување на каматните стапки, велат експертите по економија.

 |  Татјана Маленкова  | 
NBM
НБМ

Ако во првата половина од 2010 год, не се смени нешто драстично, нема да има големо намалување на каматните стапки, велат експертите по економија.

tablaСпоред нив Каматите можат да се намалуваат само ако се зголеми штедењето во Р Македонија.
Дали може да се очекува намалување на каматите кај комерцијалните банки? Околу ова прашање граѓаните најчесто само коментираат,чекајки  одговорните да се произнесат по однос на ова прашање. „Банките во светот а и кај нас се соочуваат со неколку специфични проблеми кои влијаат каматите кај нив постојано да одат во нагорна линија, вели проф др. Ристо Гогоски. Една од специфичностите на македонските банки и на нивната каматна политика е нивната билансната состојба, односно проблемот што депозитниот потенцијал во пасивата главно е од краткорочни извори на средства. Друг проблем е што граѓаните штедат на краток рок и тоа многу помалку во денари, а повеќе во девизи, вели Гоговски.
Друг проблем што доминантните  банки во Македонија  сеуште имаат високи камати е монополската положба, вели професорот Гогоски.
На висината на каматните стапки може да влијаат и депозитите во пасивата, поточно дали тие се оданочени или не. Само пред една година се планираше оданочување на депозитите како еден вид на приход, но во рамки на владините марки против кризата, овој приход беше одложен за три години. Според тоа мислам дека населението колку и да не размислува пазарно спремно е да поднесе пониски каматни стапки на депозитите за износот на плаќање на данок за околу 10 насто. Тоа значи дека за толку банките слободно можат да ги намалат своите каматни стапки, вели Гогоски.
Ако во првата половина од 2010 год, не се смени нешто драстично , нема да има големо намалување на каматните стапки. Со оглед на тоа дека Р македонија се наоѓа во рецесија, а тоа само по себе подразбира  помали лични доходи  на вработените  или помало штедење, според тоа нема да има повеќе средства кои би влијаеле драстично да се зголеми понудата на финансискиот производ, вели Гоговски.
Инаку Народната Банка на Македонија во ноември ги намали каматните стапки за благајничките записи или каматите што таа ги исплатува за депонирање пари од фирмите и банките кај неа. Каматите се намалени за три процентни поени. Народната Банка очекуваше  дека со нивниот потег ќе се намалат каматите и кај комерцијалните банки, што до овој момент не се случи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top