Овој месец, се очекува да се донесе конечната пресуда за 15 те инволвирани лица во аферата „Изгрев“.
Овој месец, се очекува да се донесе конечната пресуда за 15 те инволвирани лица во аферата „Изгрев“. Бранителите се пред завршните зборови. Тие побараа ослободителна пресуда бидејќи според нив во досегашната постапка и од материјалните и вербалните докази не биле докажани делата за кои се товарат
13 месечниот притвор на браќата Миладинови сеуште трае и засега нема судска разрешница. Познато е дека Јавното обвинителството ги терети за организиран криминал и корупција. Деновиве за 7 од вкупно 15 обвинети, за случајот „Изгрев“, бранителите изнесоа завршен збор. Адвокатите на браќата Ѓорѓи и Димитар Миладинови побараа ослободителна пресуда. Драган Гоџо за ТВМ изјави дека случајот е пред фаза на донесување пресуда и очекува таа да падне до крајот на овој месец.
За случајот „Изгрев“, медиумски се крена голема прашина, од аспект на тоа што станува збор за инволвираност на јавни личности. За нив, сеуште не е докажано дека се сторители на делата за кои се товарат, бранителот Гоџо тврди дека обвинителството досега со ништо не докажало дека браќата се виновни.
Поминаа година и две недели од случајот кога се приведени лицата од аферата „Изгрев“. И досега изнесените новинарски извештаи не се совпаѓааат со реалната состојба тврди Гоџо.
Овој случај е чисто новинарски настан. Судството не е имуно на она што се објавува по медиумите. Постои алтернатива и да се потпадне под одредени притисоци вели Гоџо и додава дека одолговлекувањето на овој настан се должи точно заради тоа.
Со цел јавноста да биде информирана, што стои во обвинението на случајот „Изгрев“, дали станува збор за теретење, поради малверзации на обвинетите на тешки милиони евра, нашите напори да стапиме во контакт со обвинителот Гордана Гешкоска паднаа во вода. Таа била на одмор а нејзин број од мобилен телефон од републичкото обвинителство не успеавме да добиеме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град