Добро ја заокруживме минатата година, се фали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Добро ја заокруживме минатата година, се фали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој признава дека локалната администрација одреден период за време на изборите била запоставена но сепак резултатот се покажал како добар.
Економската криза и изборите беа покарктеристични настани кои се рефлектираа врз работата на повеќето општини во републиката. Општина Струга по се изгледа добро исплива на површина и се справи со зацртаните работи предвидени во буџетот за 2009 год. Според сите сумирани работи од постигнатите резултати и сами сме изненадени изјави градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко.
Многу капитални зафати се планирани за годинава, вели Мерко. Пред се инвестирањето во градбата оди во нагорна линија, а со самото тоа се отвара можност за вработување, отварање нови претпријатија додава Мерко.
Мерко, не очекува годинава да се надмине економската криза, но рече дека мора да се исплива, со оние средства што ги имаат на располагање а кои не се за занемарување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град