Катастарските услуги во Новата година поевтини

Агенцијата за катастар на недвижности од почетокот на месецов ги намали од 10 до 72 проценти износите на надоместоците за најчесто бараните услуги за запишување во катастарот на недвижности и за издавање податоци за правни и за физички лица.

 |  габриела Трпчевска  | 
logo
лого

Агенцијата за катастар на недвижности од почетокот на месецов ги намали од 10 до 72 проценти износите на надоместоците за најчесто бараните услуги за запишување во катастарот на недвижности и за издавање податоци за правни и за физички лица.

Според новите цени, за запишување катастарска парцела се плаќа по 350 денари, наместо 500 денари како досега, а за деловна просторија, резервоар, силос со внесување на габаритетот на објектот, по 500 денари, односно 750 денари помалку од старата цена.
Се намалува и цената на услугата за запишување семејна станбена куќа со подрум и гаража, од 500 на 450 денари. Новата цена за впишување еден посебен дел од зграда е 350 денари, наместо досегашната 500.
За впишување една деловна просторија за еден кат во комерцијални, индустриски, деловни, инфраструктурни, администратицвни, спортски и културни објекти се плаќа по 350 денари. Старата цена на таа услуга изнесуваше 1.250 денари.
Непроменат останува надоместокот за издавање имотен/поседовен лист, за кој се плаќа по 125 денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top