Баварскиот клуб во четврток на својот официјален сајт потврди дека Лука Тони, официјално е новиот играч на Рома.
Баерн Минхен се согласил Тони да премине во римскиот клуб до крајот на сезоната како позајмен играч, а одлуката ќе стапи на сила од 1 јануари кога и ќе се отвори јануарскиот трансфер маркет.
Баерн Минхен го даде својот играч Лука Тони на позајмица во Рома до 30.6.2010 година.
Трансферот на Тони, во Рома ќе биде враќање за фудбалерот во серија А од 2007 година, откако тој си замина од Фиорентина за да премине во редовите на Баерн.
Лука Тони во дресот на Баерн постигна 38 гола на 60 натпревари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град