Книгата „Албанска Македонија“, на Нијази Мухамеди, во која се вели дека Бигорски бил албанец е чиста злоупотреба на историјата со крајна исполитизираност.
Тоа се невистини, грубо извртување на историските факти кон православните светилишта и споменици во Р. Македонија смета доцент доктор Сашо Цветкоски.
Манастирот Св, Јован Бигорски отсекогаш бил чувар на словенскиот дух. Ова е основната вистина која е општо признаена во светот. Деновиве книгата на Нијази Мухамеди „Албанска Македонија“, во која се вели дека Бигорски бил Албанец, на нозе ги дигна релевантните луѓе добрите познавачи на културата, историјата и археологијата. Доц. Др Сашо Цветкоски за ТВМ изјави дека за време од илјадагодишно постоење на манастирот, не постои ниту еден податок кој говори дека на големиот светец Бигорски може да му се даде албански призвук на минатото.
За Бигорскиот манастир научниот аспект сосема е јасен вели Др Цветкоски, но треба сеуште да се продлабочува пристапот кон науката додава тој.
Силен е гласот и на монашкото братство од манастирот Св. Јован Бигорски кои во својата реакција велат да се престане со тенденциозно-узурпаторската злоупотреба на историјата со крајна исполитизираност која не соодејствува на историските факти. Цветкоски рече дека гласот на експертите да се стави пред некојси таканаречени историчари, публицисти и новинари кои интерпретираат провокативни паушални податоци кои бегаат далеку од фактичката состојба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град