„Мојата последна генерација“, подарок на Марија Младеновска, просветен работник, кој со ова дело го одбележа крајот на својот работен век.
Збирката поезија „ Мојата последна генерација“, напишана во акростихови, во која, авторката Марија Младеновска ги вметнува сите учениците од нејзината последна генерација. Во ова дело е содржана и биографијата на авторката, а во неа се дадени и препораки до педагозите, како да се однесуваат со учениците. „Книгата е посветена на 4а одделение, бидејќи е тоа мојата последна генерација, од која со тага се разделувам“, вели авторот Младеновска.
„Моето искуство, кое е долгогодишно и богато, ќе ми биде поттик да продолжам со пишување и на следни но во секој случај поинакви дела, кои сепак ќе ме отсликуваат“, вели Младеновска.
Младеновска Марија, повеќе од 3 децении беше наставничка во одделенска настава во охридско, а последните 11 години ги помина во основното училиште „Ванчо Николески” во селото Лескоец од каде што и се пензионира. Во неколку наврати беше директорка на училиштето, а е основач и долгогодишен член на Еколошкото друшто „Јагода” кое се справува со еколошките закани врз животната средина. Исто така таа е и долгогодишен и активен член на црвениот крст од Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град