Страв чува на лозје

Новиот закон за пушење кој ќе стапи на сила на први јануари, ги уплаши угостителите.

 |  Татјана Маленкова  | 
cigara
цигара

Новиот закон за пушење кој ќе стапи на сила на први јануари, ги уплаши угостителите.

Тие се категорични дека поради овој закон видно ќе им се намали прометот во угостителските објекти. „Толеранција нема да има за никого“, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалевски.

cigaraОд 1 јануари 2010 година ќе почне да се применува ригорозна забрана за пушење во сите кафулиња, ноќни клубови, барови, дискотеки. Ова е предвидено со измените во Законот за забрана за пушење. Угостителите сметаат дека е невозможно во пракса да профункционира толку крут Закон, кој забранува пушење, речиси во секој јавен објект. „Јас сум песимист дека законот ќе биде спроведен онака како што е замислено“, вели сопственикот на хотелот Ројал, Сотир Сотироски.

И сопственикот на хотел Климетица, Љупчо Цветаноски, вели дека уште во првиот ден од Новата Година, очекува да се соочат со проблем, поради спроведувањето на новиот закон.

„Овој закон мора да се почитува. Како единствени носители кои треба да го контролираат спроведувањето на примената  на законот тврдам дека уште првиот ден ќе бидеме на терен со цел да видиме колку тој ќе се почитува“, вели началникот на пазарниот инспекторат Ѓоко Бошалевски.

Според новиот закон, Државниот пазарен инспекторат ќе врши надзор во објекти во кои се произведува, подготвува, служи, продава и консумира храна, во интернет-кафе и во објекти за продажба на непрехранбена стока. Во јавните и приватните здравствени установи, градинките и во автобусите во меѓународниот јавен превоз, надзор ќе врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а во органите на државната управа и на локалната самоуправа и во превозните средства во домашниот сообраќај, инспекциска контрола ќе врши Државниот инспекторат за труд. Во хотелите ќе биде дозволено 30 проценти од собите да бидат наменети за пушачи.
Инаку Новиот закон според нашите угостители е пресликан од некои современи западноевропски држави,односно земен е како суровина и е ставен во нашиот закон без никаква претходна обработка.
Угостителите тврдат дека во Хрватска, Италија, Португалија, Италија, Австрија и во Германија законот, под притисок на угостителите и откако се увидело дека во практика законот не може да профункционира,истиот претрпел измени и станал многу потолерантен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top