Стопанска Банка денес го прослави својот 65 ти роденден.
Денешниот датум поврза многу податоци за оваа бројка. За се тоа сублимирано, хронолошки и по значајност кажа првиот човек на филијалата на Стопанска Банка во Струга Оливера Верушеска. Да се биде столб на долгогодишно традиционално работење претставува голема и сериозна обврска потенцираше Верушеска.
Банката отсекогаш претставувала значаен финансидки столб од стопанството и туризмот рече Верушеска. Додаде, дека граѓаните секогаш мора да ја добијат поткрепата и мора да бидат задоволни од аспект на банкарските производни услуги.
Новина во банкарското штедење е детското штедење „Пчелка“. Верушеска рече дека децата со овој начин на штедење се привилегирани како никогаш досега.
Забава по повод 65 годишнината во Стопанска банка Струга покрај роденденски, имаше и новогодишен дух. Во посета пристигнаа двата славни ликови Дедо Мраз и неговата придржничка. Присутните деца добија новогодишни подароци а на останатите им беа поделеини скромни подароци со логото на банката.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град