Несреќата на поплавените граѓани беше добра причина за охридските советници за меѓусебни препукувања.
Несреќата на поплавените граѓани беше добра причина за охридските советници да разменат меѓусебни политички препукувања.
Додека тие се надмудруваа, граѓаните мака мачеа. Доведени во безизлезна ситуација, бараат поефикасно решение за нивната состојба.
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Цветко Грозданов и членовите на градскиот Совет од оваа партија денеска ги посетија подрачјата погодени од поплавите. Тие ја обвинија локалната власт за нејзиниот индолентен однос кон настанатата состојба.
Граѓаните, кои во поплавите загубија многу, својата мака видно потресени ја искажаа пред камерите. Во бессознание поради несреќата во која се наоѓаат, тие бараат било какво решение за својата состојба. Сите ветуваат се и сешто, меѓутоа никој не превзема нешто конкретно, обвинуваат тие.
„Ваква катастрофа Охрид не памети од 1963-та. Трите реки, Коселска, Вапилска и Скребатска кои се судираат во ова село, направиј состојбата да ескалира и во овој дел на градот“, вели Диме Тренески, претседател на месната заедница во Горно Лакочереј.
„Зедовме машини, механизација и ископавме 40 метраски канал, за да го заштитиме селото од излевање на изворот“, вели Тренески.
Свое видување околу настаната состојба даде и градоначалникот Петрески. Револтиран од денешната постапка на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, тој остро ја искритукува нивната реакција. Сепак ниту тој не превзема вина за сето она што се случи, туку истата ја префрла на грбот на граѓаните, кои како што вели поставувајќи дивоизградени препреки, допринеле штетата да биде поголема.
Коритата на реките Коселска и Грашница треба да бидат направени по теркот на Кочани или Битола, со што ќе се спречат слични последици во иднина, истакна денеска Грозданов. Исто така тој отворено вети дека по негова иницијатива, поплавените подрачја ќе ги посетат владини претставници, се со цел да се пресметаат штетите и да се помогне населението да се справи со истите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град