Со цел да има подобар ефект во однос на туризмот, за наредната година, локалната вклучува отвореност на Охрид и комуникација со туроператори со кои е веќе во преговори.
Со цел да има подобар ефект во однос на туризмот, за наредната година, локалната вклучува отвореност на Охрид и комуникација со туроператори со кои е веќе во преговори.
Исто така ги користат можностите кои ги дава Европската унија во однос на користење на нивните средства.
Светската економска криза придонесе за голем пад на работата во туризмот. Голем пад секако дека има, тоа го потврдуваат сите показатели, велат експертите. Факт е дека има намален број на гости и ноќевања, а она што ќе се случува за Новата година сепак е тешко да се предвиди. Административно во Општина се водат статистички податоци, за бројот на ноќевања кај нас во регионот и Европа.
„Како локална ги правиме сите подготовки за да се претставиме како добри домаќини. Маѓутоа за да имаме еден добар дочек на Новата година неопходно е да има добра координација помеѓу локалната и заинтересираните страни во случајот, за да се изнајде најдобро решение“, вели Гоце Симоноски, раководител на секторот ЛЕР.
За наредната година, за да има подобар ефект во однос на туризмот, локалната вклучува отвореност на Охрид, комуникација со туроператори со кои е веќе во преговори. Подготвени се и да вложат средства како субвенција или поддршка за авиосообраќајот. Исто така ги користат можностите кои ги дава Европската унија во однос на користење на нивните средства.
„Би сакал да кажам за прв пат и пред јавноста со успех искористивме уште една програма на Југоисточна Европа кои ги дава за развој на туризмот. Ние аплициравме со 5 проекти“, вели Сомоноски.
Се работи за поголеми проекти во кои водечки се членовите на Европската унија, кои користат средства од GRDF-от, додека ЛЕР-от од Охрид е ограничен само на средствата од ИПА фондовите. Висината на стредствата со кои располагаат ИПА фондовите се движи од 50 – 300 илјади евра по проект. Локалците аплицирале со три проекти, со поединечна вредности од околу 100 илјади евра и очекуваат дека ако не трите, барем еден да им биде одобрен.
„Средствата кои ќе ги добиеме е предвидено да ги вложиме во најголема мерка за промоција“, вели Гоце Симоноски.
Останува да се надеваат охриѓани, дека после 5 години и сите силни обуки низ кои поминаа вработените од секторот на ЛЕР, дека конечно ќе ја оправдаат својата функција и ќе започнат со користење на европските фондови, односно ќе почнат да носат пари во општинската каса, а не како 5 годишно новороденче ке живеат од неа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град