Традиционалното китење на екла под вода не изостана и годинава.
Заслужни за овој атрактивен наатан се нуркачите од нуркачкиот клуб Амфора. Во веселбата учествуваше и Дедо Мраз, кој за сите носеше подароци, кои на присутните им ги врачи под вода.
На само неколку дена пред дочекот на најлудата ноќ нуркачите од Охрид, по седми пат украсија елка под вода. Новогодишната елка ја китеа четириесеттина нуркачи од Охрид и Подградец, Албанија на длабочина од неколку метри во езеро кај локалитетот Градиште.
Подводната забава немаше да биде комплетна без Дедо Мраз. Откако излезе од водата каде им подели подароци на нуркачите, Дедо Мраз упати порака и до присутните на забавата но и до сите останати.
Нуркачите деновиве ќе ја накитат подводна елка и во изворите кај Свети Наум, што за туристите кои ќе го посетат Охрид за празниците ова ќе биде несекојдневно доживување.
„За мене ова е традиција и сакам да продолжам да учествувам и понатаму. Интересно е бидејќи пиевме шампањ во вода. Ова е нешто што не е секојдневно, можам да ви кажам дека беше многу убаво чувството додека ја китевме елката под вода бидејќи е нешто сосема различно од она што го правиме постојано“ рече нуркачот Симона Трпческа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град