Но без него нема влегување во Европа.
Пазарите се најкритични за имплементација, бидејќи сеуште недостасува психичка и техничка подготвеност предупредуваат експертите.
Нема Хасап преку ноќ. Експертите за познавање на стока и храна предупредуваат на тоа, дека мора да се навикнеме да ги примениме хасап стандардите ако сакаме да влеземе во Европа. Др Ангела Василеска универзитетски професор, вели дека влегувањето во Европа е нож со две острици. Пазарите ги посочи како најкритично поле за примена на овие нормативи бидејќи луѓето сеуште не се ниту психички ниту технички подготвени. Василеска и како имплементатор на хасапот зборува за тоа дека се работи на сложен процес.
Кога се работи за примена на Хасап стандардите, може да се направи толеранција, само во продажбата на зеленчукот, бидејќи познато е дека тој послабо е подложен на развој на микроорганизми. Василеска потенцираше на фактот, дека многу важно е нивото на јавната свест и точно да се знае каде се треба да се нуди и продава зеленчукот.
За хасапот се зборува уште од 1996 година. Познато е дека многу пати истиот беше одложуван, заради големите побарувања во целиот процес на производство и дистрибуција на храна. Првите последици кон оние што нема да го применат Хасапот се очекуваат на самиот старт од престојната 2010 годинана. Од хасапот најголема добивка ќе имаат крајните корисници на храната.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град