Курајчани на големо се подготвуваат за традиционалниот „Василичарски мимоход“.
Обичаите на влегување по селските домаќинства, посетување на сечиј дом со препознатливите василичарски маски и обичаи, и годинава неизбежен момент од карневалските доживувања. Од година во година, управниот одбор на здружението „Свети Василиј“ од с.Куратица, се организатори и носители на традиционалните вредности и обичаи на селото. Карневалот се одржува на 13 и 14ти јануари, по повод православна нова година.
„Подготовките се во тек, останува само да ги пречекаме многубројните посетители, вели Горан Мицкоски, соработник на секторот за ЛЕР.
Поради се поголемиот интерес на посетителите за овој настан, организаторите постојано се трудат да внесат одредена новина во иститот. Нивните заложби за наредната година ќе бидат овој карневал да прерасне во тродневна традиционално – културна манифестација.
Организаторите на василичарскиот карневал, се горди што добиваат огромна поддршка од страна на општината и останати организации, волонтери и донатори, како и владини институции. Сето тоа претставува добра перспектива за продолжување на оваа манифсетација, односно, продолжување на традицијата и културата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град