Се избра надзорен одбор, извршен совет но и ново раководтво за општинската организција во Охрид. Подем ќе обезбеди добра иднина за сите, велат од партијата.
Обединетите демократи на Македонија, синоќа го одржаа првото годишно собрание. Беше изгласан надзорен одбор, извршниот совет, но и избран претеседател за општинската организација во Охрид.„Сега во Охрид доаѓа нова опција за освежување, вели претседателот на Подем, Кире Џалески.
„Фактот дека многу членови од НСДП преминаа во Подем, покажува дека нудиме многу. Причина за ова е недоразбирањата во НСДП и многуте болни моменти кои ќе почувствувавме таму“, вели Џалески, кој е еден од тие што преминаа во Обединетите демократи на Македонија.
„Верувам дека ПОДЕМ во Македонија ќе биде трета опција. Доколку вака продолжиме да работиме , се надевам дека многу граѓаните ќе ни се приклучат. Подем ќе обезбеди добра иднина за сите подеднакво. Се надевем дека секоја идна влада во Подем ќе гледа добар партнер“, вели претеседателот на ОО на Подем Џалески.
Инаку оваа партија на локлните избори освои 25 000 гласови, а во момемнтов на ниво на Македонија има 14 советници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град