Aкционен план против ТБЦ

Во проектот на Републикиот црвен крст за контрола на туберкулозата во Македонија се вклучува и општина Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 

Во проектот на Републикиот црвен крст за контрола на туберкулозата во Македонија се вклучува и општина Охрид.

трибинаНа локално ниво е формиран  тим од повеќе стручни профили  кои со подршка на општинскиот црвен крст учествуваа во изготвување на Програма за контрола на ова заразно заболување во нашата средина. Има потреба од изготвување на локален акционен план за контрола на туберкулозата  појаснува д-р Славица  Петровска специјалист  Пнеумофтизиолог, волонтер  на општинскиот црвен крст и член на локалниот тим. Во нашата средина туберкулозата е во опаѓање, но сеуште не е искоренета.Од анкетните прашалници се заклучува  дека сеуште има потреба од едукација на населението за да се држи под контрола туберкулозата во нашата  Република додава д-р Петровска.
Овој проект се спроведува во Македонија третта година по ред, а  оваа година е вклучен и Охрид. Досега акциони планови се донесени во повеќе македонски градови. Со законот за локална самоуправа од 2002 година локалната власт е должна да управува со здравствената заштита  и заразните болести нагласува д-р Анета Тркалевска од Републичкиот црвен крст, координатор на Проектот.
Во изготвување на проектот се вклучени здравствените и  образовните институции, полицијата и  невладините организации. Заклучоците на планот ќе бидат поднесени пред охридските советници.Тие,пак, во рок од 3 месеци ќе мора да се произнесат за локалниот план за превенција од туберкулозата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top