За нив, тие одсега ќе можат да се информираат во канцеларијата на УНАСМ во Струга.
„Работник загина во рудникот „САСА“, Кумановец паднал од скеле и починал, Струен удар повредил двајца градежници во Скопје“- ова се само дел од натписите во медиумите. Се почесто вакви вести можат да се слушнат, бидејќи во последно време воопшто не е чудно работник да биде повреден додека е на своето работно место, без при тоа, работодавачот да одговара според законските прописи. Тие се должни да обезбедат услови за безбедност на животот и здравјето на работникот. За жал, многу малку од вработените се заштитени, посебно оние кои се во делот на градежништвото, велат експертите. Тоа се должи, потенцираат тие, затоа што работникот не си ги знае своите права и не бара од работодавецот да ги почитува. Сите овие информации, работниците од струшкиот регион ќе можат да ги добијат во канцеларијата на „Унија на независни и автономни Синдикати“.
Освен за правата на работниците, во оваа канцеларија можат да се пријават и случаи на мобинг, психичко, физичко и сексуално насилство. Иако канцеларијата во Струга функционира половина година, сепак во овој период граѓаните пријавуваат случаии.
„До сега дојдени се работници кои се жалат поради кршење на нивните права, други за вршење мобинг, како и лица на кои не им се плаќаат придонеси“-вели
Александра Горческа, координатор на канцеларија на УНАСМ во Струга.
Од канцеларијата за независни и автономни синдикати најавија дека во нивната програма е предвидено често да организираат семиниари и трибини преку кои ќе ги информираат работниците за нивните права. Инаку, вакви канцеларии покрај Струга има и во Охрид, Прилеп и Делчево.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град