Прозбори жртва на семејно насилство и од Струга

Нејзиниот сопруг ја малтретирал физички, но и психички.

 |  Колоска Билјана  | 
Dragica Poposka
Драгица Попоска

Нејзиниот сопруг ја малтретирал физички, но и психички. Институциите и после многу обиди од нејзина страна не и излегле во пресрет.

Стрес и страв предизвикан од физичко и психичко малтретирање е дел од суровото секојдневие на жртва на семејно насилство од струшко. „Веќе 40 години, откако сум во брак, бел ден немам видено“, раскажува соговорничката. Нејзиниот сопруг, постојано ја тепал, а за да остане во домот, требало да му дава пари, во спротивно ќе ја избркал на улица.

Dragica Poposka„За моите маки, знаат само соседите“, раскажува соговрничката. Моите деца со години гледаа како се однесува нивниот татко со мене. 39 години, го трпев семејното насилство, но неможев повеќе, морав да побарам помош од некој, потенцира жртвата.

Наместо да ме заштити, тој за мене зборува секако. Освен што ме малтретира физички, ја примени и најлошата тортура, психчичката, раскажува жртвата. Им велел на пријателите дека нудам сексуални услуги и за тоа дури давам и пари. После ваквите гласини, малолетник ја нападнал жртвата, раскажува таа.

„Сега повеќе не дозволувам да бидам жртва. Штом се обиди да ме удри бегам. Соседите постојано гледаат како со камења фрла по мене, а ако му се спротиставам може и да ме отепа“, вели соговорничката.

„Сега сум на улица, нема каде да одам, а неможам да се вратам дома. Преспивам кај пријатели, вратата во мојот дом е заклучена“, низ солзи раскажува жртвата.

Секаде се обратила за помош но никој нема разбирање за нејзината мака.
Сакам да си појдам дома, јас немам пари да му платам. Пријавив во полиција па тие ми пратија помош да батам во Основниот суд. Од полиција ми рекоа, ако пак се јавам да го пријаам овој случај ќе ми поднесат кривична пријава и затоа се откажав“-вели жртвата.

Жртвата на семејно насилство спас побарала и од здружението на жени „Езерка“ од Струга.
Драгица Попоска од здружението  искрено се надева дека овој случај на семејно насилство ќе биде еден од ретките на кој институциите му излегле во пресрет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top