Иднината на Охрид е во ваши раце, а не во рацете на УНЕСКО. Преку оваа порака експертите ја потенцираа улогата на УНЕСКО во неговата мисија за заштита на светското културно и природно наследство ширум светот.
Топката е во ваши раце. Оваа порака ја упатија експертите на организацијата за заштита на светското културно и природно наследство, а се однесува на гласините за бришење на Охрид од листата на УНЕСКО.
Иако досега официјално не било расправано на оваа тема, техничка можност постои, изјави Филип Пипар.
Тој додаде дека има строго пропишани правила кои се дел од Конвенцијата на УНЕСКО, каде јасно е дефинирано дека заштитените подрачја се во рацете на државите каде што се наоѓаат.
Бришење од листата на УНЕСКО на греманскиот град Дрезден е класичен пример како одлуката на Владата во таа земја, да изгради мост во заштитено подрачје, се рефлектирала врз одлуката на Комитетот на УНЕСКО за преземање ваков радикален чекор, изјави Пипар.
Експертите на УНЕСКО ја согледаа состојбата дека Охрид се соочува со серизони проблеми кои го загрозуваат вредното светско наследство. Тие потенцираа дека не само Охрид, туку со вакви проблеми се соочува целиот свет. Тие не очекуваат и не бараат работите да се променат преку ноќ, туку сугерираат Владата да превземе конкретни активности за разрешување на проблемите. Тоа е она што го бара комисијата на УНЕСКО.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град