Прекрасна новогодишна идила

На новогодишниот декор за најлудата ноќ се работи со полна пареа.

ukras
украс

На новогодишниот декор за најлудата ноќ се работи со полна пареа. Од локалната најавуваат дека овојпат со минимални средстава, градот ќе блесне во најубаво светло во споредба со изминатите години.

ukrasuvanjeОхрид наголемо се подготвува за дочек на новата година. Како и  изминатите години, така и овој пат новогодишното декорирање започна на 1ви декември и се предвидува да заврши на 19ти.  Граѓаните сметаат дека средствата вложени за новогодишно украсување на градот се добра инвестиција. Тие се многу задоволни од понуденото и очекуваат со нетрпение најлудата новогодишна ноќ да ја дочекаат на градскиот плоштад.
За разлика од минатата година, овојпат посетителите на Охрид ќе имаат можност да видат и нови реквизити, кои сами по себе ќе направат градот да изгледа прекрасно. Со минимални средства одвоени од страна на Локалната самоуправа, новогодишниот декор ќе биде навистина богат. „Како и секоја година, новогодишниот декор освен во централното градско подрачје ќе се распостеле и на периферните делови од Охрид. Се надевам дека посетителите кои ќе бидат присутни за дочекот на новата година и празниците кои следат потоа, ќе бидат задоволни од она што ние како локална самоуправа ќе го понудиме“, ветува Сашо Вељаноски, самостоен референт за осветлување.
Од Локалната најавуваат дека новогодишната забава на градскиот плоштад ќе биде навистина прекрасна, збогатена со реномирани музички групи од земјава и странство. Неофицијално се споменува присуството на српската ѕвезда Бојан Бјелиќ. Од таму велатат дека присутните на градскиот плоштад ќе бидат пријатно изненадени од понуденото. „Останатите градови за оваа намена одвојуваат големи суми на средства, додека ние со малку средства ќе понудиме достојно новогодишно претставување пред посетителите“, вели Вељаноски.
Најубавиот детал на новогодишната ноќ, елката, се очекува да пристигне утре. Овојпат таа ќе биде најубава и најбогата во споредба со минатите години, вели Вељаноски. Висока 8м. со дијаметар од 3м. и обложена со 60 квадратни метри „герланда“ (вештачка трева) овојпат новогодишната елка ќе биде навистина убав декор на градскиот полштад. Многуте сијалички кои ќе ја осветлуваат, свечено ќе бидат запалени во пресрет на православниот празник Свети Никола во петок, велат од локалната.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top