Проблемот е идентификуван од страна на надлежните служби на МЈП „Проаква“, и веќе се превземени мерки. Варошани, заостнатиот долг нема да го плаќаат одеднаш, велат од Проаква.
Пропустот е на инкасаторот задолжен за тој дел од градот, вели првиот човек на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчевски. Констатирано било дека читачот на тој реон подолго време на си ја извршувал својата работна обврска согласно нормативите на претпријатието. Кон тоа лице превземени се најрадикалните мерки на одговорност вели Трпчески.
Поради интерниот проблем кој настанал со читањето на водомерите од стариот дел на градот, корисниците нема да имат обврска наеднаш да платат туку во договор со нив ќе се изнајде најсоодветното решение, потенцира Трпчевски. Тој појаснува и зошто немало паушлна пресметка за надоместок на потрошената вода.
Проблемот ќе биде надминат, велат од Проаква. Во иднина за сите вработени во ова претпријатие кај кои ќе се открие неисполнување на работната обврска посебно кон корисниците, ќе се превземаат радикални мерки соопштуваат од таму.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град