Манчестер Јунајтед го сака Џеко

На изјавата на потпретседателот на Милан Адриано Галијани дека во зимскиот преоден рок нема да се потруди да го доведе Един Џеко се надоврза англиски „Дејли Мејл“ со тврдењето дека „пол-позицијата“ во трката за услугите на босанецот сега ја има Манчестер Јунајтед.

 |  Голабовски Крсте  | 
Edin Dzeko
Един Џеко

На изјавата на потпретседателот на Милан Адриано Галијани дека во зимскиот преоден рок нема да се потруди да го доведе Един Џеко се надоврза англиски „Дејли Мејл“ со тврдењето дека „пол-позицијата“ во трката за услугите на босанецот сега ја има Манчестер Јунајтед.

Edin DzekoНапаѓачот на Волфзбург и БиХ долго време е мета на бројни светски клубови, а се веруваше дека неговата следна дестинација ќе биде италијанскиот фудбалски гигант.

Сепак, Галијани во понеделникот изјави дека клубот од Сан Сиро во овој момент не размислува за Џеко, туку за некој друг профил на играч.

„Босанскиот 23-годишен интернационалец го следи Јунајтед со намера да го доведе во јануари, а интерес покажуваат и Манчестер Сити, Челзи и Арсенал.“

„Џеко сезонава постигна 12 погодоци во 23 натпревари за Волфзбург, а минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Бундеслигата откако што во 32 натпревари постигна 26 погодоци.“ – потсетува Дејли Мејл на шампионската сезона на германскиот првак во текстот кој започнува со реченицата:

„Шансите на Манчестер Јунајтед да потпише со Един Џеко пораснаа откако што Милан ги залади интересите за напаѓачот на Волфзбург.“

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top