Тезги со најлон, предновогодишен амбиент во Охрид

Со поставените 17 –тина тезги на малиот плоштад  продолжува вообичаената слика на предновогодишниот амбиент во Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
cestitki
честитки

Со поставените 17 –тина тезги на малиот плоштад  продолжува вообичаената слика на предновогодишниот амбиент во Охрид.

tezgiПросторот кај Чинарот и понатака е запоседнат со импровизирани тезги, покриени  со најлони, каде што се продаваат новогодишните украси. Сликата покажува дека нема трага од најавуваните куќарки во охридски, староградски стил кои требаше да внесат современ, европски предновогодишен  дух во градот.

Директорот на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев објаснува дека нивната намера паднала во вода. Нема да ја  реализираат затоа што на огласот за јавни набавки не добиле нити една понуда според бараните критериуми да се изработат типични охридски куќи.

Намерата им била да се изработат 10-тина куќарки кои би чинеле од 2000 до 4000 евра во зависност од материјалот и вградените елементи.

„Не се откажуваме од идејата и со јавните набавки за 2010 година повторно ќе се обидеме да се оттарасиме од сегашниот амбиент “ додава Алчев.

А дотогаш, ќе ја имаме  истата препознатлива слика. Стари тезги и по неколку децении, а честитките и лампионите од дожд и снег ќе се штитат со стари најлони. Во европските градови веќе неколку децении новогодишните украси се продаваат во дрвени куќарки. Луѓето  кои  ги изнајмуваат не се принудени да продаваат  премрзнати, а новоодишниот декор  да го штитат на крајно примитивен начин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top