Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, викендов, на каналот Студенчишта го одржа четвртото Општинско отворено првенство, во дисциплината лов на риба со јадица на пливка, во конкуренција на сениорки и сениори.

Во конкуренција на сениорки најмногу риба улови Гордана Илиеска која го освои првото место, a среброто и припадна на Сузана Стевоска.
Во конкуренција на сениори, по четврти пат првото место го освои Стојан Мишев, второто место го освои Борче Стевоски, а третото му припадна на Муштеба Шабан.
На првенството зедоа учество околу 15 натпреварувачи, кои ловеа плашица и грунец, информираат од Спортското риболовно друштво „Св. Апостол Петар“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град