Денеска првите луѓе на поштите од двете земји потпишаа акт за збратимување на поштите од Охрид и Корча.
„Со овој документ индиректно се создава силна пошта на балканот која ќе се носи со светските трендови“, рече директорот на Македонски пошти, Ејуп Рустеми.
Во Охрид потпишан Акт за збратимување на Пошта Охрид со пошта Корча. Овој документ претставува почеток во потпишувањето на исти вакви акти и со останатите пошти во регионот што ќе помогнат за создавање на подобри услови за соработка и размана на искуста при реализација на поштенско – финансиските услови на пошта Охрид и пошта Корча, директни конаткти на вработенните преку разни едукации и семинари, консултативни средби како и запознавање со програмата на информации и комуникации и со средствата и технологиите кои се употребуваат во пошта Охрид и пошта Корча.
„Овој докумнт кој се потпиша днеска не е значаен само за двете поштенски управи туку и за двете држави, рече директорот на македоски пошти, Ејуп Рустеми.
„Наша здничка цел и потрeба е да се обнови технологијата. Со оваа соработка која ја започнавме можеме да се прететсвиме како акционери на заедничка територија“, рече директорот на пошта Албанија Аркиле Гореа.
Иако во јавноста се шпекулира со заинтересирани кои сакаат да ја купат Македонска пошта, директорот Рустеми вели дека за сега не може да се зборува за конкретна понуда се додека консултанската компанија Капо ел џи не заврши со изготвување на препораките врз кој принцип треба да се изведе продажбата.
„
Според законот за трговски друшта ингеренциите за продажба на акциите се кај собранието на акционери.Кај нас во Македонска пошта се наогаат преставници на консултансјката кука Капи ел џи која треба да го достави извештајот.Се додека немаме извештај од нив немам друг одговор.Не можеме да кажеме дека имаме заинтересирани бидејки уште го немаме извештајот по кој план ке се оди со приватизацијата, рече Ристеми.
Директорот Рустеми најави дека наредниве денови без проблеми ке се одвива издавањето на зелени картони на граничните премини во земјава, бидејки од 1 декември овие активности од Авто мото сојузот на Македонија со одлука на влада преминаа во рацете на Македонски пошти.Тој негира дека изминативе десеттина дена граничните премини биле блокирани поради одредени застои во издавањето на овие документи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град