Интензивни подготовки

Фестивалот Охридско лето интензивно се подготвува за јубилејното издание.

 |  Валентина Нелоска  | 
Toni Simonoski
Тони Симоноски

Фестивалот Охридско лето интензивно се подготвува за јубилејното издание.

Со полна пареа во Фестивалот Охридско лето се прават подготовките за одбележување на јубилејот 5 децении од почетокот на нашата најзначајна културна манифестација. Директорот Тони Симоноски информира дека престојното фестивалско издание   ќе изобилува со квалитет и емоции.

slikiПоканети се да гостуваат странски и домашни музички  имиња кои  ги поставиле темелите на манифестацијата, но и они кои учествувале досега. Иако сеуште не се откриваат  имињата на уметниците кои ќе учествуваат, оптимистички се најавите  дека  на престојното  фестивалско издание ќе има реномирани светски музички имиња. „Во преговори сме со три светски музички имиања, но додека не се потпишат договорите практика в светот и кај нас е да не се објавуваат нивните имиња вели првиот човек на фестивалот  Симоноски“. Додаве дека во програмската концепција на Фестивалот ќе има 30 посто театарски престави и 70 посто музика потенцира Симоноски. Во рамките на манифестацијата ќе се продолжи и со изложување на уметничкото творештво на домашни и странски сликари.Во јубилејното издани изложбена поставка ќе има од познатиот охридски   и светски сликар Вангел Наумоски.
За 5 децениското опстојување на Фестивалот во тек е и подготовка Монографија, која ќе биде печатена  на македонски и англиски јазик со тираж од околу 1000 примероци.  Техничките подготовки на фестивалот, пак опфаќаат и набавки на реквизити и музичка инструменти. За потребите на уметниците деновиве е набавен контрабас, а се очекува и концертен клавир од  странска донација. Директорот Тони Симоноски ја  нагласува неопходноста  од  набавка на луксузно возило за превоз на странските музички гости.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top