Фудбалерот на Фиорентина Адриан Муту успеа повторно да се замеша во скандал. Овој пат Романецот влезе во тепачка со еден 43-годишен човек за време на прославата во хотелот „Четири сезони“ во Фиренца.
Играчот на Фиорентина го удрил противникот во лицето и го нокаутирал. Од хотелот повикале Брза помош која го пренела настраданиот во болница каде што останал цела вечер.
Верзијата на Муту се разбира е поинаква и тој тврди дека бил прв нападнат и само се бранел.
Очевидците на инцидентот изјавија дека до тепачката дошло откога двајцата се спречкале за време на танцувањето. Муту од своја страна ги побара снимките од камерите во хотелот како би ја поткрепил сопствената верзија на настанот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град